Волонтерите од Младинскиот клуб на Фондација Фокус и од Еколошката групација Грин Пауер со заеднички сили максимално го искористија продолжениот викенд и го освежија домот. Се вароса поголем дел од просторот во објектот, комплетно се исфарба дограмата и клупите и масите во дворот, се испраа постелнината , а целосно преуредување доби и дворот пред домот. Волонтерите ја искосија обраснатата трева, но највпечатлив секако е потпорниот ѕид од десната страна пред влезот на домот. На него креативните волонтери нацртаа мурал кој асоцира на планинска куќа.

5-ти декември, меѓународниот ден на волонтерството, Фондација „Фокус“ и општина Велес го одбележаа со уште една  волонтерска акција. На овој начин, симболично беше заокружена кампањата „Зачувај, не уништувај“ онаму од каде што ја започнаа -  во детскиот забавен парк во облизина на „Брако“.
И овој пат, волонтерите од младинските организации и граѓаните кои ја поддржаа кампањата, ги офарбаа лулашките, клупите и другите реквизити и му дадоа нов лик на овој терен.

Фондација „Фокус“ им изрази благодарност на сите волонтери кои се вклучија во активностите за разубавување на детските забавни паркови. Доделувајќи им благодарници за нивниот волонтерски ангажман симболично ја одбележа и Европската година на волонтерство.
 

 

На тркалезната маса на тема ,,Волонтерството во пракса,, на која присуствуваа граѓанските организации од Велес кои практикуваат волонтерска работа, се разгледаа состојбите и предизвиците со кои се соочуваат организациите и се споделија искуства од спроведување на различни програми за волонтирање во Европа и САД.

Image

Целта беше да се утврдат потребите  на организациите за создавање што поповолни услови за волонтирање, да се разгледаат можностите за соработка помеѓу граѓанските организации, бизнис заедницата и иинституциите и на тој начин да им се овозможи на волонтерите да го дадат својот придонес во заедницата.