Печати

1civica

Во рамки на активностите од програмата на Фондација за локален развој и демократија Фокус, поддржана од програмата Цивика мобилитас, тимот на Фокус одржа работен состанок со претставници на бизнис заедницата во Велес.Тие имаа можност да слушнат за мисијата и визијата на Фондација Фокус, проектите кои ги реализирала во изминатиот период од нејзиното постоење како и за плановите и проектините идеи што има намера да ги реализира во иднина.

Од името на тимот, финансискиот менаџер Димче Велев пред присутните преку презентација ги претстави сите досегашни активности на Фондацијата, додека извршната директорка Убавка Јаневска ги запозна со целта на средбата, фондацијата да се отвори кон пошироката јавност, граѓаните и институциите. Тие побараа поддршка и соработка од бизнис секторот во Велес во насока на заедничко аплицирање на проектни идеи и реализирање на активности за добробит на целокупната заедница.

2aljt

Пред дел од бизнисмените беа презентирани две проектни идеи, едната со работен наслов „Сончева Македонија“ и другата за возобновување на познатиот велешки Еснаф што постоел во минатото во градот и во него членувале истакнати личности и занаетчии.

Претставниците на бизнис заедницата присутни на работниот состанок дадоа несебична поддршка за проектните идеи на Фокус, дополнувајќи ги со нови и конкретни иницијативи. Управителот на градежната фирма „Афион“ Аце Коцевски ја поздрави идејата за отворање на Фондацијата кон бизнис секторот и додаде дека за реализирање на проектите неопходна е соработката со државните институции. Тој посочи да се земат во предвид и винскиот, селскиот и езерскиот туризам. На крајот, како иден претседател на Ротари Клчубот во Велес исто така даде поддршка и предлог за соработка од оваа форма на граѓанско здружување.

3site

Преставниците на фирмите истакнаа дека во изминатиот период немале меѓусебна соработка, не се одржувале средби по што го прифатија предлогот на Фондација Фокус за вмрежување и формирање на Конзорциум што е особено важно за подготвените проектни апликации кои ќе бидат испратени кај донатори за обезбедување на финансиски средства наменети за подобрување на условите за живот на граѓаните во локалната заедница.

Директорот на Комерцијална банка во Велес Тодор Левков истакна дека ја поддржува иницијативата за почести средби меѓу фирмите иако банкарскиот систем се уште е затворен и малку ги поддржува фирмите.

Проектните идеи на Фондација Фокус ги поддржа и претставник од велешката фирма „Ронтис“ Љубица Јаневска која исто така предложи и поттикна нови конкретни идеи.

Свои предлози даде и Билјана Саздова, член на Комисијата за надзор на Фондација Фокус со кои треба да се обезбедува подобра промоција на фирмите а користењето на добар маркетиншки пристап да се користи за манифестации кои што традиционално се организираат во градот за да се привлече поголем број на гости и посетители од државата.

Архитектот Цветанка Саздова предложи при пишувањето на проектите да се посвети внимание на урбаниот лик на градот, да се поттикнува навремено планирање на развојот на градот вклучувајќи ги и сообраќајните решенија.

4logoa

Фондација Фокус исто така пред бизнисмените соопшти дека отвара постапка за избор на нови членови во составот на Одборот на Фондацијата и побара тие да предложат кандидат од нивниот сектор.