Публикации

 
policy briefweb 2
javni nabavkiweb 2
Fokus Analiza2018 v4 web 1

Св.Николе ,16.09.2016 - Како завршна фаза на проектот „Економско зајакнување на жените од Вардарскиот регион“, Фондација за локален развој и демократија Фокус организираше мини базар на коj жените Креативки ги изложија и презентираа своите рачно изработени предмети и производи. Базарот се одржа на 16 септември во просториите на Славјанскиот универзитет Гаврило Романовиќ Державин во Свети Николе. Рачно изработените производи што жените ги направија изминатите две години, предизвикаа големо внимание кај посетителите. Со големо воодушевување ги разгледуваа предметите а оние што најмногу им се допаднаа ги купија.

Свети Николе, 14 јули 2016, Фондација за локален развој и демократија Фокус од Велес учествуваше на Регионалниот Форум за соработка „Твој простор, твој глас“, што се одржа на 14 јули во Градската библиотека во Свети Николе, во објект што е во склоп на Домот на култура. Форумот се одржа во организација на Граѓанските здруженија, грантисти на Цивика мобилитас од Вардарски и Североисточен регион. Домаќин на овој регионален Форум беше Организацијата на жени од Свети Николе.

civika sv 4

Ресен, 7 јули 2016 година, Петнаесет микропретпријатија од Ресен учествуваа на целодневната обука за јавни набавки која се спроведе во рамки на УСАИД проектот за пристап на микропретпријатијата до јавните набавки. На обуката на микро и малите претпријатија од сертифициран обучувач им беше презентиран целокупниот процес на јавни набавки и детално им беше доближен начинот на кој тие може да учествуваат во овој процес.