Публикации

 
policy briefweb 2
javni nabavkiweb 2
Fokus Analiza2018 v4 web 1

Крушево, 21 април 2016 година, Дваесет микропретпријатија од Крушево учествуваа на целодневната  обука за јавни набавки која се спроведе  во рамки на УСАИД проектот за пристап на микропретпријатијата до јавните набавки. На обуката на микро и малите претпријатија од сертифициран обучувач им беше презентиран целокупниот процес на јавни набавки и детално им беше доближен начинот на кој тие може да учествуваат во овој процес. Присутните претставници на претпријатијата по завршување на обуката секојдневно  може да ги користат услугите од Регионалниот центар за јавни набавки доколку се соочат со какви било проблеми со јавните набавки.

obuka krusevo

Битола, 31 март.2016 година, Седумнаесет микропретпријатија од Битола присуствуваа на целодневна основна обука за јавни набавки која се одржа во Битола. Сертифициран обучувач на фирмите им го презентираше начинот на кој тие може да се вклучат во процесот на јавни набавки и да добијат дел од колачот од јавни пари. По завршување на обуката микропретпријатијата ќе може да ги користат услугите на центарот за јвани набавки во Велес секогаш кога ќе се соочат со каков било проблем поврзан со јавните набавки.

obuka bitola

Велес,22 март 2016 - Фондација за локален развој и демократија “Фокус”, имплементатор на проектот за Економско зајакнување на жените во Вардарскиот Регион, објавува повик за пријавување на заинтересирани млади лица од општините Велес, Градско, Чашка, Лозово, Свети Николе, Неготино и Кавадарци, кои ќе добијат улога на АГЕНТИ ЗА ПРОДАЖБА.

kreativec