По оценката дека станува збор за квалитетно осмислен , едукативен, инклузивен, еколошки и особено потикнувачки за грижа за животната средина како и за здрав начин на исхрана за најмладата популација во градот Општина Велес одлучи со 71.150,00 денари да го поддржи проектот „Зелени детски градини“ на Фондација Фокус со партнерите.
На краток состанок што се одржа на 17 јули 2020 година во салата за состаноци на Дом на НВО директорките на ОУДГ „Димче Мирчев“, Маја Велиновска и на ПОУ „Маца Овчарова“, Мирјана Стефановиќ како и проектната асистентка Весна Кочова ги разгледаа пристигнатите понуди од добавувачите на потребни материјали за реализација на проектот „Зелени детски градини“ и одлучија согласно возраста и степенот на развој на дечињата кои од понудите да бидат прифатени.
ЈП „Национални шуми“ позитивно одговори на барањето на Фондација Фокус со партнерите ОУДГ „Димче Мирчев“ и ПОУ „Маца Овчарова“ во проектот „Зелени детски градини„ што беше причина Маре Басова помошник директор во националното претпријатие да дојде на средба во Велес. На 3 јули Басова прво го посети ПОУ „Маца Овчарова“ и разговараше со директорката Мирјана Стефановиќ за планирање на просторот во дворот и особено за месата на кои што треба да се засадат туите кои се дел од „Зелената детска градина“.