На 4 ноември 2019 година започна мапирањето на семејствата во социјален ризик кои живеат во централното градско подрачје на градот. Тие се евидентираат како една од активностите на проектот „Е-база на добро спакувани податоци за граѓани од социјално ранливи групи“ што партнерски го реализраат „Хаус од хоуп - Ленче Здравкин“ и Фондација „Фокус“.
На 11 октомври 2019 година во Велес се одржа меѓусебна консултативна средба на грантистите на граѓанските организации од неформалната мрежа за банкарство со храна во Велес.
На 7 октомври 2019 година во просториите на Општинската организација на Црвен Крст во Велес се одржа работната средба на извршната директорка на Фондација „Фокус“ Убавка Јаневска и претседателката на „Хаус оф хоуп“ Ленче Здравкин со цел да се запознаат со проектните активности секретарот Орце Николов, вработените и волонтерите.