Воспоставување на Локалнa лидерскa групa (ЛЛГ) со околу 10-20 членови во Општина Велес, која што ке поседува вештини за соработка, застапување или лобирање за Ромската заедница во однос на теми како што се домување, образование, здравје и урбанизација ќе биде формирана како дел од проектот „Оддржлив урбан развој на Ромските заедници“. ЛЛГ ке ја формира Фондација Фокус во соработка со донаторот на проектот Здружение за хумано домување Хабитат Македонија.
01.04.2021
Проектниот тим ја одржа третата фокус група на која присуствуваа Претседателот на Советот на Општина Велес, Кирил Гајдов и членките од советничките групи на СДСМ со коалиционите партнери, Надица Калузарова и на ВМРО ДПМНЕ со коалиционите партнери, Каролина Попова. Средбата се одржа на 30.03.2021 (вторник ) .
Фондација Фокус како соработник во реализацијата на проектот “Оддржлив урбан развој на Ромските заедници„ кој е поддржан од здружението за хумано домување “Хабитат-Македонија„ и Општина Велес започна со реализација на дел од почетните активности преку дистрибуција на информативни летоци на граѓаните кои живеат во реоните “Спомен Костурница„ во близина на Железен Мост и Карпа Маале во Велес.