Публикации

 
policy briefweb 2
javni nabavkiweb 2
Fokus Analiza2018 v4 web 1
Фондацијата за локален развој и демократија ,,Фокус,, со цел да го поттикне граѓанскиот сектор на поголемо промовирање на волонтерство и добрите волонтерски практики и да даде свој придонес во рамки на Европската година на Волонтерите, Ве поканува на
 
Тркалезна маса на тема „ВОЛОНТЕРСТВОТО ВО ПРАКСА“.

Целите на тркалезната маса е да ги собере волонтерите и луѓето од различните сектори кои работат во областа на волонтерството да се разгледаат состојбите и предизвиците со кои се соочуваат граѓанските организации и јавните институции во неговото поголемо афирмирање и да се споделат информации и искуства од спроведување на различни програми за волонтирање.

Поканети учесници на овој настан се претставници од граѓанските организации, координатори задолжени за волонтерски програми како и волонтери од Црвениот крст, здруженија на граѓани од Велес, волонтери од Мировниот корпус во Велес, волонтери од локални јавни институции, младински организации како.

Тркалезната маса ќе се одржи на 14 јули 2011 година (четврток) во 10.30 часот во салата на Фондацијата ФОКУС (Дом на НВО) на ул: „Трајче Панов“ бр. 22 во Велес.

Во прилог на поканава Ви го доставуваме дневниот ред за средбата.

„ Годишната програма на Фондацијата за локален развој и демократија ,,Фокус,, - Велес е поддржана од програмата CIVICA Mobilitas -  имплементирана од ЦИРа и финансиски поддржана од SDC“
ДНЕВЕН РЕД

На Тркалзена маса „ВОЛОНТЕРСТВОТО ВО ПРАКСА “


14 јули 2011 (четврток)

10.30 – 10.40  - Отворање од модератор
г. Диме Велев, програмски директор на фондација ФОКУС, Велес

10.40 – 10.50  - Воведен збор
г-а Веса Шкортова, извршен директор на Фондација ФОКУС, Велес

10.50 – 11.30 - Презентација на програми за волонтирање
г-а Соња Делова од  Центар за регионален одржлив разој, Неготино,
г. Сем Расел волонтер од Мировен Корпус и
г. Ангел Киров од ОО Црвен крст Велес

11.30 – 12.30    - Волонтерството во пракса


г-а Јадранка Стефкова од Општина Велес,

г. Анѓелче Гушев  од ИО „Димитар Влахов“, Велес,

г. Ане Пановски од ЗГ СПАСИТЕЛ, Велес,

г.Иванка Андова од Друштво на родители за грижа за здраво поколение, Велес,

г. Љупчо Лепидовски од ДПД „ВИДРА“, Велес и

г-а Марија Виларова од Фондација Фокус, Велес



12.30 – 13.00 - Дискусија, препораки и заклучоци од тркалезната маса

Сите гости и медиумите се поканети да се вклучат и да дискутираат за различни прашања поврзани со темата.