Волонтерите од Младинскиот клуб на Фондација Фокус и од Еколошката групација Грин Пауер со заеднички сили максимално го искористија продолжениот викенд и го освежија домот. Се вароса поголем дел од просторот во објектот, комплетно се исфарба дограмата и клупите и масите во дворот, се испраа постелнината , а целосно преуредување доби и дворот пред домот. Волонтерите ја искосија обраснатата трева, но највпечатлив секако е потпорниот ѕид од десната страна пред влезот на домот. На него креативните волонтери нацртаа мурал кој асоцира на планинска куќа.


Акцијата во која дваесетина активисти волонтери на Фокус и Грин пауер го реновираа Планинарскиот дом, се одржа изминатиот викенд, а се реализираше во рамки на проектот „Мрдни со прст“ со финансиска помош на Националниот младински совет на Македонија.
Фокус и Грин Пауер со оваа акција овозможија да се подобрат условите за престој како на членовите на Граѓанските организации така и на граѓаните, пасионирани вљубеници во природата и планинарењето, кои често престојуваат во домот. Волонтерите и во иднина ќе направат се планинарскиот дом кој се наоѓа во едно од најживописните села во Македонија, да го направат пристојно катче за добронамерните граѓани и туристи.
Акцијата на Фокус и Грин Пауер ја потпомогна општина Чашка која го обезбеди превозот на волонтерите до Планинарскиот дом.