Волонтирањето претставува една од основите на цивилното општество, афирмирајки го најблагородното во човекот-пацифизам, слобода, еднакви можности, безбедност и правда за сите луѓе.

Во ерата на глобализација и постојаните промени, светот станува се помал, меѓусебно се позависен и покомплексен. Волонтирањето, било да е индивидуално или групно, е начин на кој се:

  • јакнат и ги чуваат човековите вредности - заедништвото, грижата и помагањето;
  • нуди можност за секој поединец да биде одговорен член на заедницата  кој помагајки им на другите учи и се здобива со вредни искуства и
  • можат да се воспостават врски кои ги намалуваат разликите помеѓу луѓето,а низ заедничко делување создаваат услови за заеднички живот.

Со оваа декларација се поддржува правото на секоја жена,човек и дете, да може слободно да се организира и да стане волонтер, без оглед на својата етничка, религиска, старосна и полова припадност, како и неговата физичка, општествена и економска положба. Сите луѓе на светот имаат право да го подарат своето време, енергија и своето знаење на другите и нивните заедници, низ индивидуално и колективно ангажирање, без очекување на материјална добивка.

Развојот на волонтеризмот го гледаме како:

  • можност на вклучување на целата заедница во утврдувањето и решавањето на нејзините проблеми;
  • можност да се говори во името на оние што тоа не го можат;
  • овозможување на сите кои тоа го сакаат, да бидат волонтери;
  • можност да се надогради и подобри професионалната работа, но никако да не се замени;
  • овозможува на луѓето да ги покажат своите знаења и вештини, да ги развиваат и да се здобијат со нови и
  • можност да се промовира семејната, општествената, националната и глобалната солидарност и соработка.

Веруваме дека волонтерите, како и организациите и заедниците на оние на кои им се помага, имаат одговорности изразени во:

  • креирање на опкружување  во кое волонтерите ќе работат обмислена работа, допринесувајки во исполнување на поставените цели;
  • дефинирање на критериумите за ангажирање на волонтери, вклучувајки ги и условите под кои тој ангажман  ќе биде извршен и во развивањето на стратегии за волонтерскиот менаџмент;
  • обезбедување на соодветна заштита за волонтерите и оние кои им помагаат;
  • овозможување на одреден тренинг за волонтерите и оние на кои тие им помагаат
  • давање шанса на сите, без оглед на нивните физички, економски, социјални и културни ограничувања.

Имајки ги предвид основните човекови права кои се изразени во Декларацијата на Обединетите Нации за човековите права,принципите  на волонтирањето како и должностите на волонтерите и нивните организации

ГИ   ПОВИКУВАМЕ

СИТЕ ВОЛОНТЕРИ

Јавно да ја изразат својата верба во волонтеризмот како креативна и интегративна сила која:

  • гради здрава, одржлива заедница која  го почитува достоинството на сите луѓе
  • ги охрабрува сите луѓе да помогнат во решавањето на социјалните,културните,економските и проблемите со животната средина, подобрувајки го така и својот живот.
  • изградба на похуман и поправичен свет низ глобалната соработка

СИТЕ ЛИДЕРИ

  • на сите сектори, да се здружат во создавањето на што поголем број силни и ефикасни локални и национални “волонтерски центри” како главна институција за промовирање и организирање на волонтерската работа;
  • на владите, да овозможат право на сите граѓани да волонтираат,отстранат сите законски пречки кои би можеле да ги попречат во тоа,да ги вклучат волонтерите во својата работа,како и да им помогнат на НВО во промовирањето и организирањето на волонтеризмот;
  • на бизнис корпорациите, да ги охрабрат своите вработени, волонтерски да се ангажираат во своите заедници,а финансиски и човечки да  ја помогнат инфраструктурата на волонтерските програми;
  • во медиумите, медиумски да го промовираат волонтеризмот и да ги охрабруваат луѓето да волонтираат;
  • во образованието,да го охрабруваат и помагаат волонтеризмот меѓу сите возрасти, како и да им дадат можност да се огледаат и учат од искуствата на нивната служба;
  • на верските заедници, да го афирмираат волонтирањето како вистински одговор на длабоките внатрешни потреби на луѓето да им помагаат на други луѓе и
  • во невладиниот сектор, во организациите создадат услови во кои волонтерите ќе се чувствуваат пријатно и да обезбедат луѓе и финансиски средства неопходни за ефикасно ангажирање на волонтерите.

ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ

  • Да прогласат - 'Деценија на волонтерите и цивилното општество” како придонес во зајакнувањето на институциите на слободното општество
  • Да го признаат и прифатат симболот V како симбол на волонтеризмот

“IAVE” ги повикува сите волонтери и лидери од сите сектори ширум светот, да се обединат како партнери во промовирањето и поддржувањето на волонтеризмот, кој ќе биде отворен за сите,како симбол на солидарноста меѓу луѓето и народите. “IAVE” ги повикува сите волонтерски организации ширум светот,да го проучуваат,дискутираат,потврдуваат и шират  низ својата работа, оваа универзална Декларација за волонтаризмот.

Усвоено од страна на меѓународниот управен одбор “IAVE”
(Меѓународна асоцијација за волонтерска активност) на нивната 16 световна конференција одржана во Амстердам,Холандија јануари 2001 година.