Публикации

 
policy briefweb 2
javni nabavkiweb 2
Fokus Analiza2018 v4 web 1

192512980 4327188400625333 3959714495409828183 n

Фондација „Фокус“ согласно планот на активности од Договорот за соработка со Здружението за хумано домување  „Хабитат Македонија“ во проектот „Одржлив урбан развој на ромските заедници“ во Велес, на 27 и 28 мај 2021 година, во салата за состаноци на Дом на НВО организираше и спроведе две работни средби со потенцијални членови на Локална лидерска група во Велес.

MOvcarova2

Комплетно нов изглед имаат дворовите на клонот „Ѕвончица“ на детската градинка „Димче Мирчев“ и ПОУ „Маца Овчарова“ во Велес. Во нив се засадени по 25 стебла на дрвја од видот туја, на оградните ѕидови на палети кои претставуваат вертикални градини закачени се вкупно 80 жардиниери со засадени семиња на хербални растенија и зачини и во земјените делови поставени се два пластеника за одгледување на градинарски растенија. Ова е резултат од 7 месечната реализација на проектот „Зелени детски градини“ на Фондација за локален развој и демократија „Фокус“ Велес, во кои градинката и посебното училиште се партнери. Дворните места на објектите на двете институции се наоѓаат на левата страна на градот.

187006055 4575231749172526 3559136608361893488 n

25.05.2021

Претставници на граѓанските организации, бизнис заедницата, академската фела и медиумите на ден 18.05.2021 (вторник) присуствуваа на последната Фокус група од проектот „Еднаквост за одржлив развој на заедницата – Креирање на база на податоци за родово буџетирање“, што во изминативе пет ипол месеци го реализира Фондација за локален развој и демократија „Фокус“. Проектот се реализира со етничките заедници што живеат во Велес и во четири населени места. Генералната оценка е дека онлајн наставата има бројни аномалии и недостатоци.Најдобар начин учениците и ученичките да се стекнат со знаење во текот на образовниот процес е да се вратат во школските клупи од септември, годинава, според мислењето на засегнатите страни.

 

189969268 547217339599275 1490056281908697906 n

Божанка Лазова, преставник на ЗГ на лица со посебни потреби изјави дека главен проблем со кој се соочуваат таа и нејзиното дете при онлајн наставата е тоа што морала постојано да биде до него, за да биде сигурна дека ја следи наставата. Бидејќи нејзиното дете е со посебни потреби а многу често се случувало да презентира, тој не можел да прочита од таблетот бидејќи буквите се многу ситни, исто така, не можел да фаќа забелешки од предавањата на часевите. Многу често снемувало интернет, материјалот бил премногу обемен, а ученикот седел по шест или седум часа да ја следи наставата а потоа да пишува домашно и да научи. Немал социјализација, неговото друштво било сведено само со домашните.


Неможноста да се дружат меѓусебе, скратеното времетраење на часевите како и немањето услови за непречено одвивање на онлајн наставата, се исто така голем проблем, констатираа присутните.

190303136 473754783885168 8781699426183269752 n

 

Биљана Ангелова од Организација на жени на Општина Велес истакна дека имаат многу тешкотии при следењето на онлајн наставата, како честиот пад на интернетот. Исто така,како проблем се јавувала и платформата Microsoft Teams , бидејќи броела се до секунда. Како еден од предизвиците со кои се соочуваат го посочи примерот кога нејзиното дете, ученик, се случило да има лектира и тест по историја и математика во еден ден, па ученикот кога ја предал лектирата во системот било напишано дека ја предал со еден ден задоцнување, а детето било толку многу оптеретено тој ден што не можело се да постигне. Дали да се спрема за историја, за тестот по математика или пак за лектирата? - рече Биљана Ангелова.

 

189865856 3615257428585825 8791780523824932741 n


Во фокус групата присуствуваа и проф. д-р Љупчо Вчков од економскиот и асистент Ѓорѓи Манчев од Правен факултет при Меѓународниот Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“ во Свети Николе. Манчев искажа лични ставови за следењето на онлајн наставата од страна на студентите на нивниот Универзитет.


-Кај нас на факултет се користи платформата Зоом и освен што можам да кажам дека имаше прекини во интернет комуникацијата не се соочивме со некои други сериозни проблеми. Кај нас студентите на секое предавање и полагање на испити, задолжително се уклучуваат и со камера и со микрофон и на тој начин бевме сигурни дека ја следат наставата, изјави Манчев.


Проектот се реализира во временски период од шест месеци со финансиска поддршка на Центар за истражување и креирање на политики чиј донаторот е Аustrian Development Agency и SIDA во рамки на GBWN мрежата за родов надзор на буџетот.