Публикации

 
policy briefweb 2
javni nabavkiweb 2
Fokus Analiza2018 v4 web 1

На 31 јули, 1 и 4 август  во село Извор, населба Чашка и село Мелница се одржаа првите три креативни работилници за дизајнирање и изработка на сувенири. На обуките присуствуваа вкупно 27 жени, а  уште неколку заинтересирани за проектните активности ги посетија обуките.

melnica

На трите обуки под менторство на обучувачот Билјана Коцевска Трипуновска беа произведени многубројни сувенири и тоа чоканчиња за ракија, чаши, мали шишиња, украсни кутии за накит, заштитниот знак за Чашка, богородицата која се појави во дрво, постоља за разгледници и уште неколку други предмети. Избраните учеснички со големо внимание ја проследија обуката и оставија многу позитивни коментари во евалуациските листови. 

    izvor    caska

Работилниците се дел од предвидените активности во рамки на проектот ,,Промоција на убавините на Чашка,, кој Фондација Фокус го спроведува со поддршка на Институтот за Човекови права Лудвиг Болцман, Австриската агенција за развој, Mинистерството за труд и социјална политика и општина Чашка.