Печати

Четири креативни работилници за дизајнирање и изработка на сувенири се одржаа од седми до десетти август во грнчарската работилница на обучувачот-грнчар Тони Анѓелов во населба Чашка. На сите четири обуки присуствуваа вкуно 28 жени од Мелница, Извор и населба Чашка кои дојдоа со организиран превоз.

caska1 caska2

На обуките секоја од жените  произведе по два магнета од глина и тоа магнет со окарината и магнет со римското мовче од Богомила кои се препознатливи мотиви за општина Чашка секако по претходно подготвените калапи од обучувачот.
Сите четири обуки беа проследени со големо внимание од избраните учеснички, а покрај нив интерес за изработка на вакви сувенири покажаа и најмалите жители на населба Чашка.

caska3   caska4

Работилниците се дел од предвидените активности во рамки на проектот ,,Промоција на убавините на Чашка,, кој Фондација Фокус го спроведува со поддршка на Институтот за Човекови права Лудвиг Болцман, Австриската агенција за развој, Министерството за труд и социјална политика и општина Чашка.