Печати

Изработените сувенири од 27 девојки и жени од три населени места (населба Чашка, Мелница и Извор) во рамки на проектот ,,Промоција на убавините на Чашка,, на 19 септември беа изложени во туристичко - информативното биро сместено во центарот на општина Чашка.

suveniri caska

Предметите кои беа изработени од хартија,  стакло и глина беа инспирирани  од убавините со кои располага општина Чашка и истите понатаму ќе бидат изложени на седум локации и тоа планинарски дом во село Папрадиште, Планинарски дом Чеплес, Планинарски дом Ораовдол, Планинарски дом Мокрени, Етнолошки музеј село Бистрица, ресторан рибник Нежилово, мотел Ѕидан мост Богомила.