Публикации

 
policy briefweb 2
javni nabavkiweb 2
Fokus Analiza2018 v4 web 1

На 17.10.2012 година во организација на Фондацијата за локален развој и демократија ,,Фокус“ и општина Градско се одржа координативно-информативна средба на претседателите на месни заедници и здруженија на граѓани со претставници на општинската администрација и советници. На средбата присуствуваа  претседатели на месни заедници, здруженија на граѓани, претседателот на Советот на општина Градско и претставник од општинската администрација.

info sredba gradsko

По извршениот преглед од страна на општинскиот службеник на кои од предложените граѓански приоритети се реализирале во тековнава 2012 година, претседателите на месни заедници и здруженија на граѓани на средбата ги идентификуваа следните граѓанските приоритети за 2013 година:

MЗ Долно Чичево
1.обезбедување на вода за пиење
2.поставување канализација во селото
МЗ Горно Чичево
1.поставување канализација во село Горно Чичево
2.поставување чешми од водоводот во село Чичево
МЗ Ногаевци
1.асфалтирање на улица од 500 метри
2.довршување на уличното осветлување во селото
3.уредување на централниот дел во селото
МЗ Кочилари
3.поставување информативна табла во селото
МЗ Градско
1.обезбедување доволни количини вода за пиење
2.поставување фонтана во паркот
3.доградба на најмалку 4 училници за едносменско работење на училиштето
4.доасфалитирање на улиците Славе Ефтовски и краци на помали улици
5.изградба на градинка
6.дислокација на отпадни води од свињарската фарма во река Вардар
7.подобрување на електрична мрежа во населбата
8.оспособување на простории за НВО
9.изградба на кошаркаско игралиште
10.замена на секундарната водоводна мрежа
11.асфалтирање на улицата која води до просторијата во која се сместени комуналното претпријатие и НВО ,,Надеж,,
МЗ Уланци
1.реконструкција на мостот кај Уланци на реката Вардар
2.базен за прочистување на водата за пиење во селото
3.асфалтирање на патот од фабриката Жито Вардар до мостот на реката Вардар кај селото уланци
4.огласна табла во село Уланци
5.просторија за месна заедница
6.проширување на патот кај тунелот и негово асфалтирање.

МЗ Виничани
1.дом на култура
2.просторија за МЗ
КУД ,,Стоби,, Градско
1.сала за вежбање  од 100 квадрати
2.просторија за пресоблекување
3.доопремување на друштвото со носии за давање концерти
НВО ,,Надеж,,
1.опремување на просторијата на организацијата