Публикации

 
policy briefweb 2
javni nabavkiweb 2
Fokus Analiza2018 v4 web 1

На 18.10.2012 година во организација на Фондацијата за локален развој и демократија ,,Фокус“ и општина Лозово се одржа координативно-информативна средба на претседателите на месни заедници со претставници на општинската администрација и советници. На средбата присуствуваа претседатели на месни заедници, советници и претставник од општинската администрација.

sredba lozovo


По извршениот преглед за реализирани приоритети во тековнава 2012 година од страна на општинскиот службеник, претседателите на месни заедници на средбата  ги идентификуваа граѓанските приоритети за следната 2013 година и тоа:

MЗ Лозово
1.асфалтирање на улица “Кочо Рацин”,” Јане Сандански” и други
2.поставување на компезациона брана на отворениот канал за наводнување
3.проширување на гробиштата и уредување на истите
4.ревитализација на фекалната пречистителна станица
5.пречистителна станица за Злетовица
МЗ Милино
1.изградба на игралиштето
2.поправка на улиците кои се попесочени со песок кој е однесен од дождовите
3.асфалтирање на патот Милино- Јазла
4.асфалтирање на улици
5.изградба на канализациона мрежа
МЗ Сарамзалино
1.изградба на канализациона мрежа
2.асфалтирање на главната улица
МЗ Каратманово
1.асфалтирање на улиците низ село Каратманово
2.поставување на бетонски каналетки за атмосферска вода (со цел да се избегне навлегување на атмосферска вода во дворовите)
3.поставување на нови дренажи на изворска вода во село Каратманово
МЗ Дорфулија
1.поставување на бетонски ивичњаци на влезот на село Дорфулија да се до излезот од самото село
2.асфалтирање на улици
3.тампонирање на банкините на локалниот пат Дорфулија Лозово
4.доизградба на фекална канализација во Дорфулија
МЗ Аџиматово
1.изградба на канализациона мрежа
2.асфалтирање на улици
НВО Организација на жени
1.опремување на канцеларија
2.средства за гинеколошки преглед за жените