Публикации

 
policy briefweb 2
javni nabavkiweb 2
Fokus Analiza2018 v4 web 1

На 31.10.2012 година во организација на Фондацијата за локален развој и демократија ,,Фокус“ и општина Чашка се одржа координативно-информативна средба на претседателите на месни заедници со претставници на општинската администрација. На средбата присуствуваа претседатели на месни и урбани заедници, претставници од општинската администрација.

info caska  info caska1

На средбата претседателите на месни заедници ги идентификуваа граѓанските приоритети за следната 2013 година и тоа:
МЗ населба Чашка
1.изградба на канализација на улица Коста Рацин под патот
2.отстранување на бандерата од патот на улицата Коста Рацин
3.изградба на споредни улици односно асфалтирање на споредните улици на главната улица Коста Рацин
4.бетонирање на каналот од железничката пруга до улицата Коста Рацин и поврзување во атмосферската аканализација поради многу голема количина на вода при поројни дождови
МЗ Долно Врановци
1.изградба на патот во должина од 1км од мостот на реката Бабуна доселото
2.довршување на водоводот на врановски анови и доведување на вода до жителите на истото населено место
3.средување на водоводната состојба со вода за пиење во селото
4.уредување на коритото на реката Бабуна
МЗ Теово
1.просторија за месна канцеларија
2.асфалтирање на улици
3.мост на река Брезица кон Ораовдол, Мокрени и Габровник
МЗ Голозинци  
1.асфалтираење на патот од мостот до извидничкио центар
2.довршување на водоводот во селото
3.осветлување од мостот во автобуското стојалиште
МЗ Еловец
1.бетонирање на улица во ширина од 3 метри и должина од 600 метри
2.ископ на канал на селскиот водовод во должина од 350 метри, како и црево 2,5 цола во истата должина
МЗ Горно Јаболчиште
1.водоснабдување на месното население, како и обезбедување вода за училиштето
2.изградба на стадион за клубот на село Горно Јаболчиште

МЗ Мелница
1.реконструкција на асфалтниот пат село Голозинци до село Мелница во должина од 4 км
2.градење на уличка во должина од 300 метри со просечна ширина од 4 метри во ,,Метоско маало,,
3.изградба на мини асфалтно игралиште во училишниот двор со димензии од 30 на 20 метри
4. доградба на селското игралиште со димензии од 60 на 40 метри

           МЗ Долно Јаболчиште
          1.изградба на селски улици
          2.изградба на плоштад
          3.изградба на фудбалско игралиште во селото
          4.изградба на два селски моста
          5.поставување на нов трансформатор
          6.изградба на нова училишна зграда
          7.изградба на нов резервоар за вода