Печати

Јавната расправа по Нацрт-програмите на Општина Велес за претставниците на институции, здруженија на граѓани и фондации и граѓани се одржа на 07.11.2012 година во големата сала на општина Велес. На неа присуствуваа 78 учесници од кои 51 претставник од НВО, 5 претставници на општинската администрација, 16 претставници од институциите и 5 членови на Совет. Проекцијата на Нацрт-програмите за активностите на општината во следната 2013 година ја преставија службениците на општинската администрација. По истите дискутираа присутните учесници на расправата, но изнесоа и свои предлози кои не беа опфатени во нацрт- документите.

javna rasprava drugi programi 1  javna rasprava drugi programi


Нацрт- програма за култура

ЗГ ,,Франкофонски клуб Велес,,
-манифестација за одбележување на месецот на франкофонијата

ЗГ ,,Еснафи,,
-изложба на фотографии од 15 годишното постоење на манифестацијата Којнички средби
--возобнување на името на Ѓорѓи Шоптрајанов преку востановување на библиотека

ЛУ Народен музеј Велес
-средствата од археолошки парк да се пренаменат во изложби за уметници

Нацрт- програма за НВО
 
ЗГ,,Еснафи,,
-подготовка на критериуми за одобрување на средства за здруженијата на граѓани и фондации

ЗГ ,,Занаетчии гемиџии,,
-едукација на ученици за обновување на стари занаети

Нацрт -програма за образование

ЗГ,,Еснафи,,
-едукација на млади за подготовка на проектни апликации за ИПА и ЕУ фондови, Влада
Нацрт -програма за здравствена заштита

-30 хромирани столчиња за мајки и деца за до оддлеот за педијатрија 30 илјади денари

Нацрт -програма за спорт и млади

Турнир во мал фудбал ,,Велес 2013,,
-средства од 150 илјади на 250 илјади денари

Фудбалски клуб ,,Борец,,
-дополнителни 60 илјади денари

Кајакарски клуб Вила Зора
 -изградба на кајакарска патека 300 илјади денари

Младински велосипедски клуб
- Куп на Македонија 80 илјади денари
-Хронометар  80 илјади денари

МК Мото Велес
-зголемување на средствата од 40 на 80 илајди денари

ЗГ Занаетчии Велес
-реконструкција на стадионот

Фудбалска школа Велес
-соединување на манифестациите Меѓународен фудбалски турнир ,,8 септември ,, и меќународен голем фудбал за пионерти и вкупната ставка од 100 илајди денари да се намали на 75 илјади денари и да се даде на Меѓународен фудбалски турнир ,,8 септември ,,

-обезбедување контакти и присуство на екипа од збратимен град на турнирот

Здружение за  спорт и рекреација Клуб 28
-организирање на фитнес ден со различни фитнес активности(пилатес, аеробик, зумба и сл.)  кој ќе биде од меѓународен карактер

Фудбалски клуб ,,Форца Нова,,
-средства за одржување на клубот

Младински клуб Фокус
-аматерски младински драмски центар (поддршка од општината во обезбедување простор и актер за едикација на учениците)

ИО ,,Димитар Влахов,,
-младински камп на езеро Младост

Нацрт програма за против пожарна заштита

Територијална против пожарна единица
-доекипирање на професионалната против пожарна служба
-обнова на возен парк

ЗГ Занаетчии гемиџии
-поддигнување на граѓанската свест при појавување на пожар
-практична обука на ученици во ТТПЕ