Публикации

 
policy briefweb 2
javni nabavkiweb 2
Fokus Analiza2018 v4 web 1

Јавната расправа по Нацрт-програмата за градежно земјиште и заштита на животна средна на просторот на општина Велес за 2013 година наменета за претставниците на месни и урбани заедници и заинтересирани граѓани се одржа на 13.11.2012 година во големата сала на општина Велес. На неа присуствуваа 81 учесник од кои 60 претставници од месни и урбани заедници, 9 членови на Советот на општина Велес, 5 претставници на општинската администрација и 7 претставници од институциите. Проекцијата на Нацрт-програмата за активностите на општината во следната 2013 година ја престави Костадин Настов, раководител на одделението за комунална инфраструктура. По истите дискутираа присутните учесници на расправата, но изнесоа и свои предлози кои не беа опфатени во нацрт- програмата.

javna gradezno  javna gradezno1

МЗ Џидимирци
-пат до селото


МЗ Иванковци
-средување на речно корито
-поправка на патот
-повеќе наменско игралиште


МЗ Кумарино
-канализација во селото


МЗ Црквино
-систем за водоснабдување
-уредување на простор
-тампонирање и осветлување на спортски терен


МЗ Васа Кошулчева
-осветлување, поплочување и поставување контејнери на улица Васа Кошулчева


МЗ Сливник
-изградба на водоводна мрежа
-изградба на канализација
-тампонирање на пат од 6 километри


МЗ Оризари
-водоснабдување на населба Порцеланка
-уредување на центар на Оризари
-довршување на игралиштето во селото
-решавање на проблемите со базените за водоснабдување во Оризари


МЗ 9-ти Ноември
-тротоар на улица Љубљанска
-поставување испусти за вода на улица Љубљанска


УЗ Димче Мирчев
-реконструкција на дел од улицата Трајче Панов (кај градинка и дом на НВО)
-решавање на проблемот со испустната централна канализација во речно корито на река Вардар кај детска градинка


УЗ Трајче Панов
-решавање на проблемот со поставеноста на тезгите на Којник и сообраќајот на Којник