Публикации

 
policy briefweb 2
javni nabavkiweb 2
Fokus Analiza2018 v4 web 1

На 10.12.2012 година во општина Велес се одржа јавна расправа по нацрт-буџетот на општината и програмата за работа на Совет за следната 2013 година. На расправата присуствуваа 13 учесници меѓу кои двајца  претседатели на урбани заедници, пет претставници од здруженија на  граѓани и  фондации, три членови на Совет, еден претставник од институции и двајца претставници од општинската администрација.

javna rasprava sovet

На јавната расправа  од раководителот на одделението за финансирање и буџет, Љупче Андреевски детално беше презентиран нацрт - буџетот на општината за 2013 година кој е во вкупен износ од 814.665.988 денари. односно за околу 100 милиони денари повеќе од проектираниот буџет за минатата година.  Зголемувањето на овогодинешниот буџет се должи на задолжувањето на општина Велес за 66 милиони денари, 5 милиони денари кои ќе треба да ги потроши општината за организирање на локалните избори како и просечното зголемување на програмите на општината за околу 33 проценти.
Од Марија Настова, раководител на сектор, пред присутните беше презентирана програмата на работа на Совет за следната година.
Дел од присутните подетално се интересираа за одредени ставки од буџетот, а исто така беше направена и компарација на буџетот на општина Велес во изминатите години.