Публикации

 
policy briefweb 2
javni nabavkiweb 2
Fokus Analiza2018 v4 web 1

На 19.11.2013 година во општина Градско се одржа јавна расправа по нацрт-програмите и нацрт-буџетот на општината за следната 2014 година. На расправата присуствуваа градоначалничката на општина Градско, Жанета Чаушевска, членови на Совет, претставници од општинската администрација, претставници од месни заедници и здруженија на граѓани.

DSC 0490  DSC 0489

Од Жанета Чаушевска, градоначалничка на општина Градско беа презентирани развојните програми на општина Градско за 2014 година кои се однесуваат на изградба на урбанистички план за општина Градско вреден 1,1 милион денари, потоа довршување на патот до селото Подлес во износ од 9 милиони и 187 илјади денари, реализација на првата фаза од патот Чичево –Манастир. Беше информирано дека општината добила грант од 20 илјади евра од Светска банка, потоа средства од министерството за транспорт и врски во висина од 305 илјади денари и проект за подобрување на водоснабдувањето во Градско во износ од 5 милиони денари. Општината ќе добие и 24 милиони денари блок дотации за училиштето, како и средства од поврат на ДДВ во висина од 9 милиони 454 илјади и 48 денари.
Покрај презентација на програмите беше образложен и нацрт-буџетот.на општина Градско за 2014 година кој е во вкупен износ од околу 60 милиони денари.
По презентацијата, дел од присутните се интересираа за одредени делови од развојните програми на општината. Беше даден предлог да се зголемат сметките за вода за одреден износ за да може да се вработат две лица з авршење погребални услуги, како и да се подобри водоснабдувањето во Виничани и да се асфалтираат или бетонираат улици во двете поголеми населени места Виничани и Ногаевци.