Печати

Чашка, 16.03.2017, Пред граѓаните на општина Чашка, Фондација „Фокус“ ја претстави интерактивната веб алатка http://prioriteti.focus.org.mk/. На директни средби со нив им објаснивме зошто е важно да ги дадат своите предлози за подобрување на животот во локалната заедница и како да се вклучат во процесите на одлучување на локално ниво.
На средбите граѓаните беа мотивирани континуирано да ги поднесуваат своите предлози на алатката со цел истите да бидат земени предвид кога општината ќе ги изработува нацрт-програмите. Фондација „Фокус“ изработи упаство за користење на интерактивната алатка и истото го подели на граѓаните со цел да ја доближи апликацијата до што е можно поголем број граѓани.

Покрај на граѓаните на општина Чашка во изминатиов период апликацијата беше претставена и пред жителите на општините Велес, Градско и Лозово.
Оваа активност беше поддржана од Цивика мобилитас.