Публикации

 
policy briefweb 2
javni nabavkiweb 2
Fokus Analiza2018 v4 web 1

06F22C7D74DDF62CA837960837C8FCF0B185091AEE18D13788pimgpsh fullsize distr

Фондација за локален развој и демократија„ Фокус“ Велес ја унапреди соработката со општина Чашка за реализација на заеднички програмски, проектини активности и иницијативи. На средбата со градоначалникот на општината, Горан Стојановски, тимот на Фокус ја образложи потребата од меѓусебната соработка и нејзиното значење во интерес на локалната заедница. Градоначалникот Стојановски побара Фондација Фокус да и помогне на општината во обновување и развивање на граѓанскиот сектор на општина Чашка, со цел реализирање на проекти со кои ќе се унапредува локалната демократија преку вклучување на граѓанските органзиации во развојот на руралниот и планинскиот туризам. Со намера што поскоро да стартува со тие активности, Стојановски најави отворање на инфо биро во кое граѓаните ќе се информираат за сите природни убавини, обележја и знаменитости на Азот. Во рамки на програмата Civica Mobilitas  Фондација Фокус во следниот период ќе одржи дебата во општина Чашка, на која ќе се отвори потребата од поддршка граѓански организации преку која ќе се реализираат проекти од различни теми, произлезени од потребите на граѓаните. Соработката со општина Чашка и Фондација Фокус ќе ја стартува со потпишување на меморандум за соработка.