На 19.11.2013 година во општина Градско се одржа јавна расправа по нацрт-програмите и нацрт-буџетот на општината за следната 2014 година. На расправата присуствуваа градоначалничката на општина Градско, Жанета Чаушевска, членови на Совет, претставници од општинската администрација, претставници од месни заедници и здруженија на граѓани.

DSC 0490  DSC 0489

Со цел навремено доставување на предлозите од страна на граѓаните и нивно вградување во предлог програмите на општината за 2014 година, на граѓаните на општина Лозово им беше претставена веб апликацијата  и можностите кои истата ги нуди.

DSC 0102  DSC 0098

Веб апликацијата www.prioriteti.focus.org.mk со која Фондација,„Фокус“ победи на национално ниво во категоријата е-инклузивност и оспособување е номинирана за наградата на Светскиот самит на Обединети нации во Шри Ланка.
„Ѓраѓански приоритети“ веќе ја поминаа и првата селекција на меѓународниот натпревар каде од 400 апликациции од 100 земји, членки на Обединетите нации влегоа во финалната фаза од натпреварувањето.

                     prioriteti baner 160                    wsa seal 2013 nominee