Публикации

 
policy briefweb 2
javni nabavkiweb 2
Fokus Analiza2018 v4 web 1

AZZA1

На работен состанок со директорката на Центарот за социјални работи Азиза Џини беше промовиран проектот „Е-база на добро спакувани податоци за граѓани од социјално ранливи групи“ регрант на „ВСС ЕФЕКТ - Банка за храна“.

lencejas

Tеренско мапирање на потенцијални граѓани на кои им е неопходна помош што ќе им гарантира надминување на состојбата на социјален ризик во која дел од нив западнале, не по своја вина, се спроведува во Велес. Мапирањето е дел од проектот на граганските организации „Хаус од хоуп - Ленче Здравкин“ Фондација „Фокус“ во партнерски проект „Е-база на добро спакувани податоци за граѓани од социјално ранливи групи“ регрантиран од „ВСС ЕФЕКТ - Банка за храна“.

На Велес му е потребен нов Генерален урбанистички план, бидејќи постоечкиот, донесен пред 12 години и 6 години пред првиот Деталниот урбанистички план за централно градско подрачје, е со поминат рок. Тоа што во минатото е сработено обратно пропорционално денеска создва сериозни проблеми во животот на граѓаните во локалната заедница. Стратешкиот плански документ општина Велес сеуште го користи иако содржи состојби кои одамна не одговараат на фактичката состојба на терен. Она што е особено важно при донесувањето на планската документација е планирањето на развојот во сите свери на животот, од изградба на нови објекти преку улици, подземна инфраструктура, планирање на паркинг простор до локации за идни инвеститори е констатирано во Анализата што произлезе од шестмесечната реализација на проектот : Транспарентна и отчетна постапка за градежна дозвола. Анализата е публикувана и содржи вовед , јавно мислење на граѓани, на изведувачи и на надзори, на проектанти и на урбанисти, на општинската администрација и на членовите на Комисијата за урбанизам на Советот на Општина Велес.