Фондацијата за локален развој и демократија „Фокус“ -  Велес во соработка со новинари изработи еколошко - истражувачка приказна, како дел од проектот „Развој на еколошко истражувачко новинарство“ поддржан од Европската Унија преку Инструментот за поддршка на граѓансото општество, Акција 2014 за градење на капацитети на граѓански организации и слобода на медиуми, на Центарот за еколошка демократија „Флорозон“ од Скопје и Здружението за развој на ромската заедница „Сумнал“ од Скопје.

Чашка, 16.03.2017, Пред граѓаните на општина Чашка, Фондација „Фокус“ ја претстави интерактивната веб алатка http://prioriteti.focus.org.mk/. На директни средби со нив им објаснивме зошто е важно да ги дадат своите предлози за подобрување на животот во локалната заедница и како да се вклучат во процесите на одлучување на локално ниво.
На средбите граѓаните беа мотивирани континуирано да ги поднесуваат своите предлози на алатката со цел истите да бидат земени предвид кога општината ќе ги изработува нацрт-програмите. Фондација „Фокус“ изработи упаство за користење на интерактивната алатка и истото го подели на граѓаните со цел да ја доближи апликацијата до што е можно поголем број граѓани.

Покрај на граѓаните на општина Чашка во изминатиов период апликацијата беше претставена и пред жителите на општините Велес, Градско и Лозово.
Оваа активност беше поддржана од Цивика мобилитас.

Лозово, 23.02.2017, Веб интерактивната алатка http://prioriteti.focus.org.mk/ Фондација „Фокус“ ја претстави на директни средби пред граѓаните на Лозово. На средбите граѓаните беа мотивирани континуирано да ги поднесуваат своите предлози на алатката со цел истите да бидат земени предвид кога општината ќе ги изработува нацрт-програмите. Исто така им беа претставени можностите кои ги нуди алатката и како можат да пристапат на неа.


Фондација „Фокус“ изработи упаство за користење на интерактивната алатка и истото го подели на граѓаните со цел да ја доближи апликацијата до што е можно поголем број граѓани.
Оваа активност беше поддржана од Цивика мобилитас.