Печати
Фондацијата Фокус успеа да обезбеди средства за уште една благородна мисија. Собраните средства кои граѓаните секојдневно ги донираат во касите поставени во маркетите: „Алфа“, „Ани 96“, „Жито“ и „Зага“ и во хотелот „Романтик“, овој пат се доделија на двајца  средношколци кои покажале одличен успех во текот на средното образование и висок просек на државната матура, но кои не се во состојба  да го продолжат своето образование во високо образовните институции.
 
 
Со средствата ќе се покрие  предвидената партиципација за нивно запишување во  студиската година 2011/2012.
Изборот на ученици беше направен во соработка со сите средни училишта од градот  согласно официјалните ранг листи за постигнат успех и материјалната состојба на семејствата.