Печати
Image
Големо БРАВО за учениците од основното училиште „Св.Кирил и Методиј“. Децата  покажаа дека се мали по возраст, но големи по душа. Тие,  заедно со своите наставници, организирано го направија најхуманиот гест утрово- донираа облека, обувки и училишен прибор за своите другарчиња кои потекнуваат од социјално – немоќни семејства.
Image
 
Донациите на учениците од првата смена во ова училиште кои се во навистина голем број, можат да бидат показател дека акцијата ќе биде повеќе од успешна и далеку над очекувањата.
Хуманитарната акција „Од децата - за децата“, која по повод одбележувањето на „Неделата на детето“,  ја организира Фондација Фокус во соработка со основните училишта од градот ќе трае во текот на целата недела.