Публикации

 
policy briefweb 2
javni nabavkiweb 2
Fokus Analiza2018 v4 web 1

Фондација „Фокус“ во соработка со Здружението за лица со церебрална парализа  го реализираат проектот „Дневен центар за лица со инвалидност и нивна инклузија во општественото живеење“, финансиран од Институтот за човекови права Лудвиг Болтцман, Министерство за труд и социјална политика и Општина Чашка. За прв пат Дневниот Центар ќе биде промовиран на 21 Април, на настанот кој што ќе се одржи по повод патрониот празник на ОУ „Петар Поп Арсов“ од с. Богомила , Општина Чашка.

kasi-donacija    kasi-donacija 1

Овој настан ќе има и хуманитарен карактер, а собраните сердства се наменети за Дневниот Центар „Детелина“, кој што е во фаза на реконструкција. Досега изградбата на овој Центар е поддржана од неколку донатори и тоа: Динамо Хит, Прокредит Банка, Хемија Комерц, а се очекува да пристигнат и други донации.