Публикации

 
policy briefweb 2
javni nabavkiweb 2
Fokus Analiza2018 v4 web 1

Петнаесетина лица со инвалидност добија можност за дневен престој во ново отворениот Дневен центар „Детелина".
Дневниот Центар „Детелина" е прв од ваков вид во рурална средина и секојдневно ќе згрижува 10-15 лица кои ќе се едуцираат и ќе се дружат и на тој начин ќе се помогне во нивната социјализација и интеграција во општественото живеење. Освен овие лица, уште стотина други ќе имаат можност да ги користат услугите кои мобилни тимови во иднина треба да им ги обезбедат преку домашни посети.

  

Фондацијата „Фокус“ како партнер во реализација на проектот организираше настан за промоција и прибирање донации за понатамошно функционирање на Центарот во кој активно се вклучија 3-те основни училишта „Тодор Јанев“-Чашка, „Петар Поп Арсов“-Богомила и „Лирија“-Г. Јаболчиште како и Здружението на пензионери од Велес и Здружението на лица со церебрална парализа. Нивните донации се продаваа по симболични цени на штандовите поставени во центарот на населбата Чашка.


    


Проектот е поддржан од Институтот за човекови права „Лудвиг Болцман“, општина Чашка и Министерството за труд и социјална политика а опремувањето со мебел, опрема и едукативни материјали го помогнаа бројни фирми, индивидуалци и домашни и странски организации кои несебично донираа.