Печати

Фондација „Фокус“  реализираше уште една успешна дарителна акција. Препознавајќи ја благородната мисија на Фондацијата, граѓаните самоиницијативно, континуирано донираа облека и обувки. Првите пакети облека и обувки беа поделени на неколку деца сместени во дом семејства со што Фондацијата го одбележа Светскиот ден на детето и Денот на згрижувачите во Македонија. Останатите пакети ќе бидат поделени на други социјално немоќни семејствата.

alista juni

Сите заинтересирани граѓани кои сакаат да подарат или да добијат облека,  истото можат да го сторат во просториите на Фондација „Фокус“ на ул „Трајко Панов“ бр.22 (во Дворови спроти Градинката) или по претходна најава на телефон 043/ 221-583.