Печати

Фондацијата „Фокус“  додели  уште една  финансиска помош за плаќање на  партиципација на една студентка за упис  на Факултетот за безбедност  при универзитетот „Св.Климент Охридски„  во државната квота за  учебната 2012/2013 година.

kasi 003

Средствата  се  обезбедени од  касичките за донација, кои се поставени во маркетите Алфа,Ани 96 и хотел Романтик а во кои граѓаните редовно донираат.
Од пристигнатите 8  пријави од ученици од сите средни училишта во Велес, комисијата ја избра ученичката од  ССОУ„Димитрија Чуповски“ со највисок постигнат успех во текот на четирогодишното школување и највисоки оценки од државната матура.