Публикации

 
policy briefweb 2
javni nabavkiweb 2
Fokus Analiza2018 v4 web 1

PC300055

Фондација ,,Фокус,, по трет пат оваа година заедно со 50 мина моторџии од Велес го организираше новогодишното моторџиско дефиле. Овој пат Дедо Мраз на мотор подари 400 новогодишни пакетчиња на деца од социјално  немоќни семејства, но и на дваесетмината посетители на Дневниот центар за лица со посебни потреби. Дефилето започна на Плоштадот во центарот на градот со новогодишна програма која ја подготвија дечињата од сите основни училишта.

Тие го пречекаа Дедо Мраз кој што само во нашиот град дојде на мотор и им подари новогодишно пакетче. Потоа дефилето продолжи кон Дневниот центар кадешто моторџиите предизвикаа огромна радост кај лицата кои го посетуваат центарот. Дефилето продолжи по велешките улици, делејќи им пакетчиња  и носејќи им радост и на дечињата случајни минувачи.

IMG 0017