На денот на хуманоста учениците од ОСУ „Јовче Тесличков“ од Велес ја одиграа претставата „Последен лет за Европа“ на текст од авторот м-р Стево Павловски, професор во ГУЦ „Здравко Цветковски“ од Скопје, кој помогна во режијата и изведувањето на претставата. Оваа претстава со поддршка на Фондација „Фокус“ доби хуманитарен карактер. Средствата собрани од продажбата на влезниците во износ од 10.430,00 денари се наменети за Фондот за поддршка на фондацијата, и ќе бидат употребени за партиципација за упис на факултет на најдобриот матурант кој потекнува од социјално – немоќно семејство.
Фондација „Фокус“, веќе обезбеди средства за партиципација за упис во високо образовна институција на двајца студенти од средните училишта во изминатите 2 години. Се надеваме дека оваа наша практика ќе продолжи и понатаму со поддршка на сите наши хумани сограѓани.
Фондација „Фокус“ се заблагодарува за несебичната поддршка на авторот на претставата и изведувачите кои волонтерски ја изведоа истата.