Публикации

 
policy briefweb 2
javni nabavkiweb 2
Fokus Analiza2018 v4 web 1

По трет пат оваа година Фондација „Фокус“ додели финансиска помош за партиципација на еден студент за упис на факултет. Овој пат тоа е ученичка од ССОУ „Димитрија Чуповски“ која  со висок успех го заврши четиригодишното школување и постигна висок успех на државната матура, а потекнува од социјално  немоќно семејство.  Таа е запишана на Фармацевтскиот факултет – Скопје при универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во државна квота во учебната 2013/2014 година.

kasi 003

Средствата за партиципација се обезбедени благодарение на хуманите граѓани кои секојдневно донираат во касите поставени за таа намена во Алфа Маркетите и х. Романтик од каде се собраа средства во износ од 14.016,00 денари и од г-н С.И. во износ од 930,00 денари собрани во неговата индивидуална касичка за донации.
Со средствата во износ од 10.430,00 денари собрани од продажбата на билети за театарската претстава „Последниот лет за Европа“, која минатата година во месец Декември, на денот на хуманоста , ја изведоа учениците од ССОУ „Јовче Тесличков“ од Велес, беше подмирена втората рата за партиципација на вториот запишан студент.
Им благодариме на сите кои несебично помагаат и на тој начин потврдуваат дека ситните пари не се ситница и имаат голема важност, особено кога се дадени со искрена намера да помогнат некому!