Публикации

 
policy briefweb 2
javni nabavkiweb 2
Fokus Analiza2018 v4 web 1

Фондација „Фокус“ донираше работни материјали за активностите во психо – социјалните креативни работилници на Дневниот центар за лицата, корисници на дрога и други психотропни супстанции од Велес. Донацијата се состои од темперни и акрилни бои, бои за стакло, четки, конци, волница, лепаци и други материјали кои може да се употребат за изработка на декоративни предмети, украси, сувенири, накит во зависност од интересот и способностите на корисниците на Центарот.

IMG 9158 

Истата беше предадена на дипл. Социјален работник Весна Кузева Чолакова, претставник од Центарот за социјална работа која работи во Дневниот центар на психо – социјален третман на корисниците. Дневниот центар е сместен во просториите на ЈЗУ Општа болница Велес, на нервно психијатрискиот оддел. Ова е прва донација на Центарот кој постои две и пол години и на кој му е добредојдена секоја донација од ваков вид.