Печати

05.08.2016 , Велес, Жените Креативки вклучени во проектот „Економско зајакнување на жените од Вардарскиот регион“ на Фондација Фокус од Велес, во петокот во Младинскиот парк учествуваа на изложбен мини базар. Петнаесетина Креативки од Велес, Свети Николе, Чашка и Неготино, на штандови ги изложија своите креативни производи што ги изработија во текот на изминатите дваесет и седум месеци од почетокот на проектот. За време на четиричасовниот базар велешани имаа можност да видат и да купат разни парчиња рачно изработен накит, украсни предмети, како и парчиња гардероба изработена од природна волна.

Во рамки на проектот следуваат уште два мини базара кои треба да се случат во текот на наредниот месец.
Во исто време во Младинскиот парк Фондација Фокус постави и касички за собирање на парични средства за запишување на студент од социјално немоќно семејство. Ова е дел од акцијата што Фокус ја реализира во рамки на програмата за филантропија.