Печати

Велес,28.09.2016 - Деветнаесет годишната Розета М. од Велес е овогодинешниот стипендист што ќе ги користи собраните 12 илјади денари од хуманитарната акција за упис на студент од социјално немоќно семејство во академската 2016/2017 година организирана и реализирана од Фондација за локален развој и демократија „Фокус“.
Ваква одлука донесе тричлената комисија составена од граѓани на Велес, поранешни професори и граѓански активист, во средата на 28 септември. Претседателот на Комисијата за доделување на паричните средства Бранислав Панов, професор по музичко образование во пензија, заедно со членовите Божидар Јовиќ, општински инспектор за образование во пензија и Страхил Тодоров, доктор на медицина и граѓански активист, ги разгледаа пристигнатите документи на двете кандидатки на јавниот повик на Фондација „Фокус“ и одлучија поради континуирано повисокиот успех, во четирити години на средношколското образование, паричната помош да и ја доделат на кандидатката Розета М. од Велес, стдент на Филолошки факултет на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.
Фондација Фокус денеска склучи договор за донација со стипендистката и денеска ја уплати првата рата за партиципација додека втората ќе и биде уплатена на почетокот на вториот семестар.

Оваа активност беше поддржана од Цивика мобилитас.