Фондација за локален развој и демократија Фокус започна со акција за собирање средства за упис на студент од социјално немоќно семејство. Годинава Фокус ќе поддржи упис на двајца матуранти на државен факултет во учебната 2017-2018 година.
Затоа апелираме до граѓаните, кој колку може, да го донира својот доброволен прилог во касичките на Фокус поставени во маркетите на Алфа и Вемарк и во хотелите Романтик и Гардениа. На тој начин ќе помогнат на одличен, одговорен и желен за знаење и успех матурант чија единствена пречка да стекне високо образование е немоќта на семејството.


Точна локација на маркет Вемарк, над Гимназијата и во маркетите на Алфа лоцирани во населба Тунел, кај Полиција, на Којник и кај поранешен хотел Вила Зора.
Фондација Фокус со апел и до бизнисмените, да ја поддржат иницијативата на Фокус и да покажат дека нивните фирми се општествено одговорни.
Петта година по ред Фондација Фокус ја реализира кампањата за собирање парични средства за упис на студенти од социјално немоќни семејства. Досега успеа да запише четворица студенти на државните факултети.


Донации уплатете ги на сметката на Фондот за поддршка со број Сметка 300270000081648
Назив: ФОКУС Велес-ФОНД ЗА ПОДДРШКА даночен број: 4004006120040
„Сите заедно за уште двајца нови академски граѓани на Велес“!
Кампањата се реализира со поддршка на Цивика мобилитас.