Публикации

 
policy briefweb 2
javni nabavkiweb 2
Fokus Analiza2018 v4 web 1

brako

По завршувањето на јавниот повик за целосно стипендирање на додипломски студии на веќе запишан студент на Машински факултет, на ден 13.12.2017 година, претставници на Фондација за локален развој и демократија „Фокус“ , ги доставија документите во компанијата „Брако“, која од годинава  е наш партнер во спроведувањето на филантропските активности за запишување на студент од социјално немоќно семејство на државен факултет. Станува збор за само една апликација иако велешката фирма нуди можност за стипендирање на тројца студенти запишани на Машински факултет на државните Универзитети.

По разгледување на документите и разговор со апликантот, компанијата ќе одлучи за стипендирањето на студентот.

brako1

Петта година по ред Фондација „Фокус“ успешно ги реализира филантропските активности. Досега со помош на доброволниот прилог на граѓаните во касичките поставени на повеќе локации низ градот, „Фокус“ запиша четворица студенти од социјално немоќно семејство од Велес на државен факултет.

 Годинава, во соработка со компанијата „Брако“, ја проширува активноста поради покажан интерес  на општествено одговорна фирма, со целосно стипендирање на студент запишан на машински факултет.

„Фокус“ очекува дека примерот на „Брако“ ќе го следат и други општествено одговорни компании од вардарски регион поради целта на оваа филантропска активност - поттикнување за што поголем број нафакултетски диломи во локалната заедница.

brako2

Оваа активност е само една од повеќето што Фондацијата ги реализира како грантист на програмата Civica mobilitas .