Печати

Дваесетина сиромашни семејства од градот добија хуманитарни пакети со храна за бадниковата вечер и божиќните празници. Во дводневната хуманитарна акција на извршната директорка на Фондација за локален развој и демократија „Фокус“ и членката на Одборот на Фондацијата Ленче Здравкин, по повикот на социјалните мрежи, изминатиот викенд, се приклучија голем број хумани граѓани, неколку сопственици на гостилница, месарница и пилјара.

Тие донираа подготвена посна и мрсна храна, овошје и зеленчук. Десет велешки семејства подготвија пакети со најосновните прехрамбени продукти потребни за приготвување на бадникова вечера или божикен ручек. Сите им беа поделени на социјално немоќни семејства . 

Оваа група филантропи и годинава ќе продолжи со хуманитарни акции за собирање и донирање на храна за социјално немоќни семејства во Велес, со надеж дека одзивот на хуманите граѓани ќе биде уште поголем и со акциите ќе бидат опфатени двојно повеќе сиромашни семејства.

Хуманитарната акција поттикната од Фондација Фокус со членот на Одборот Ленче Здравкин ја поддржаа семејствата Здравкин, Јаневски, Стојменови, Алчеви, Пренџови, Дограмаџиеви и Пивкови, кафеаната „Боеми“, месарницата „Микар“, пиљарата „Пеми“, веб порталот „Дума.мк“ и десететтина други граѓани кои донираа производи како масло за јадење, брашно, праз, ориз, зелка и други производи.

Месара „Микар“ на петте семејства кои добија по килограм ипол велешка скара ќе продолжи да ги помага и во наредните четири месеци, се до мај годинава.

Фондација за локален развој и демократија „Фокус“ е институционален грантист на програмата Civika mobilitas.