Печати

прес-конференцијата која ќе се одржи на 21.11.2007 (среда), со почеток во 11.00 часот, во просториите на Фондацијата за локален развој и демократија ”Фокус,,


До средствата за јавно инфромирање,

Почитувани,Со задоволство Ве покануваме да присуствувате на прес-конференцијата која ќе се одржи на 21.11.2007 (среда), со почеток во 11.00 часот, во просториите на Фондацијата за локален развој и демократија ”Фокус,, со седиште на ул: Трајко Панов бр. 22 (месност Дворови) во Велес.

На прес-конференцијата ќе биде претставен проектот ”Насмевка во пижами”, чија цел е прибирање на финансиски средства од локални извори за доопремување на детското одделение при Општата болница во Велес и зголемување на јавната свест во насока на развој на локалната филантропија. Преку различни техники за мобилизирање на локални ресурси, прибраните средства ќе бидат употребени за набавка на постелнина, детски пижами, сликовници, детска литература, постери, слики и др. со што би се подобрил амбиентот за престој на децата кои се лекуваат на ова одделение.

На прес конференцијата ќе говорат д-р.спц. Ванчо Граматов-Директор на Општата болница во Велес, г-ѓа Веса Шкортова - Извршна директорка на фондацијата ФОКУС и координаторот на проектот Александар Кукулев-Сашко.
Носител на проектот е Фондацијата Фокус од Велес, а истиот се реализира&нбсп;во рамките на Програмата за грантови за филантропија раководена од Центарот за институционален развој (ЦИРа), во рамките на Проектот за зајакнување на граѓанското општество финансиран од Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД), а имплементиран од Институтот за трајни заедници (ИТЗ).

Фондацијата за локален развој и демократија “Фокус”- Велес ги унапредува демократијата, локалниот развој и граѓанското општество. Развива и поддржува иницијативи кои се темелат на добро управување и одговорно граѓанство.
За повеќе информации контактирајте ја Даниела Настова, Програмски асистент на тел. 043/ 211 583.