По писменото барање на трите граѓански организации од Велес, Фондација за локален развој и демократија „Фокус“, Здружението за заштита на животни „Гласот на Животните“ и граѓанската организација „Куќа на надежта“, кабелскиот оператор „Телекабел“, како општествено одговорна фирма им го прости долгот на семејството Усинови во висина од 7.170 денари.Освен што им го избриша долгот, Телекабел на Усинови им овозможи бесплатна ТВ програма во наредните 12 месеци.

Дваесетина сиромашни семејства од градот добија хуманитарни пакети со храна за бадниковата вечер и божиќните празници. Во дводневната хуманитарна акција на извршната директорка на Фондација за локален развој и демократија „Фокус“ и членката на Одборот на Фондацијата Ленче Здравкин, по повикот на социјалните мрежи, изминатиот викенд, се приклучија голем број хумани граѓани, неколку сопственици на гостилница, месарница и пилјара.

brako

По завршувањето на јавниот повик за целосно стипендирање на додипломски студии на веќе запишан студент на Машински факултет, на ден 13.12.2017 година, претставници на Фондација за локален развој и демократија „Фокус“ , ги доставија документите во компанијата „Брако“, која од годинава  е наш партнер во спроведувањето на филантропските активности за запишување на студент од социјално немоќно семејство на државен факултет. Станува збор за само една апликација иако велешката фирма нуди можност за стипендирање на тројца студенти запишани на Машински факултет на државните Универзитети.