Публикации

 
policy briefweb 2
javni nabavkiweb 2
Fokus Analiza2018 v4 web 1

По трет пат оваа година Фондација „Фокус“ додели финансиска помош за партиципација на еден студент за упис на факултет. Овој пат тоа е ученичка од ССОУ „Димитрија Чуповски“ која  со висок успех го заврши четиригодишното школување и постигна висок успех на државната матура, а потекнува од социјално  немоќно семејство.  Таа е запишана на Фармацевтскиот факултет – Скопје при универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во државна квота во учебната 2013/2014 година.

kasi 003

Фондација ,,Фокус,, по четврти пат оваа година заедно со 30 мина моторџии од Велес го организираше новогодишното моторџиско дефиле. Овој пат Дедо Мраз на мотор подари 250 новогодишни пакетчиња на деца од социјално  немоќни семејства, но и на дваесетмината посетители на Дневниот центар за лица со посебни потреби. Дефилето започна на Плоштадот во центарот на градот.

dedo mraz na motor  dedo mraz 2

На денот на хуманоста учениците од ОСУ „Јовче Тесличков“ од Велес ја одиграа претставата „Последен лет за Европа“ на текст од авторот м-р Стево Павловски, професор во ГУЦ „Здравко Цветковски“ од Скопје, кој помогна во режијата и изведувањето на претставата. Оваа претстава со поддршка на Фондација „Фокус“ доби хуманитарен карактер. Средствата собрани од продажбата на влезниците во износ од 10.430,00 денари се наменети за Фондот за поддршка на фондацијата, и ќе бидат употребени за партиципација за упис на факултет на најдобриот матурант кој потекнува од социјално – немоќно семејство.

humanitarna prestava  humanitarna prestava 2