Warning: getimagesize(images/stories/2011/kasi%20003.jpg): failed to open stream: No such file or directory in /home/focusmk/public_html/plugins/content/smartresizer/smartresizer.php on line 468
Image
Големо БРАВО за учениците од основното училиште „Св.Кирил и Методиј“. Децата  покажаа дека се мали по возраст, но големи по душа. Тие,  заедно со своите наставници, организирано го направија најхуманиот гест утрово- донираа облека, обувки и училишен прибор за своите другарчиња кои потекнуваат од социјално – немоќни семејства.

хуманитарна акција

Image

Фондацијата за локален развој и демократија ФОКУС, по повод одбележувањето на „Неделата на детето“,започна голема хуманитарна акција под мотото „Од децата – за децата“. Целта на оваа акција е подигнување на свеста кај младите за хуманост, солидарност и да се поттикнат да го практикуваат донирањето.

Оваа акција ќе се одвива во сите основни училишта во градот, односно во училиштата „Благој Кирков“, „ЈХК Џинот“, „Св.Кирил и Методиј“, „Блаже Конески“, „Васил Главинов“ и „Рајко Жинзифов“ од с. Г.Оризари, со тоа што учениците во рамки на своите можности ќе можат да донираат училишен прибор, користени училишни ранци, облека, и обувки за своите другарчиња кои потекнуваат од социјално – немоќни семејства.

Image

Фондацијата Фокус успеа да обезбеди средства за уште една благородна мисија. Собраните средства кои граѓаните секојдневно ги донираат во касите поставени во маркетите: „Алфа“, „Ани 96“, „Жито“ и „Зага“ и во хотелот „Романтик“, овој пат се доделија на двајца  средношколци кои покажале одличен успех во текот на средното образование и висок просек на државната матура, но кои не се во состојба  да го продолжат своето образование во високо образовните институции.