Публикации

 
policy briefweb 2
javni nabavkiweb 2
Fokus Analiza2018 v4 web 1

Сведоштвото "Детските солзи кога течат" од г-а Соња Гаврилова, членка на Управниот одбор на Фондација „Фокус“ кое беше објавено пред точно една година, ќе стигне до уште побројна публика и надвор од границите на Р.Македонија. Со поддршка од невладините Охо и Студиорум книгата е преведена на англиски јазик и отпечатена во 200 примероци со што судбината на велешките деца заболени од тридецениското загадување од Топилницата ќе биде пренесена до меѓународните институции.

sonja-kniga

PC300055

Фондација ,,Фокус,, по трет пат оваа година заедно со 50 мина моторџии од Велес го организираше новогодишното моторџиско дефиле. Овој пат Дедо Мраз на мотор подари 400 новогодишни пакетчиња на деца од социјално  немоќни семејства, но и на дваесетмината посетители на Дневниот центар за лица со посебни потреби. Дефилето започна на Плоштадот во центарот на градот со новогодишна програма која ја подготвија дечињата од сите основни училишта.

80 килограми зачин Пикантина фондација Фокус подели на народната кујна ,,Ѓаконија,, на Епархијата Повардарска и народната кујна при училиштето ,,Тодор Јанев,, во општина Чашка каде се храни најсиромашната категорија граѓани.

Kendy 047