Публикации

 
policy briefweb 2
javni nabavkiweb 2
Fokus Analiza2018 v4 web 1

хуманитарна акција

Image

Фондацијата за локален развој и демократија ФОКУС, по повод одбележувањето на „Неделата на детето“,започна голема хуманитарна акција под мотото „Од децата – за децата“. Целта на оваа акција е подигнување на свеста кај младите за хуманост, солидарност и да се поттикнат да го практикуваат донирањето.

Оваа акција ќе се одвива во сите основни училишта во градот, односно во училиштата „Благој Кирков“, „ЈХК Џинот“, „Св.Кирил и Методиј“, „Блаже Конески“, „Васил Главинов“ и „Рајко Жинзифов“ од с. Г.Оризари, со тоа што учениците во рамки на своите можности ќе можат да донираат училишен прибор, користени училишни ранци, облека, и обувки за своите другарчиња кои потекнуваат од социјално – немоќни семејства.

Image

Фондацијата Фокус успеа да обезбеди средства за уште една благородна мисија. Собраните средства кои граѓаните секојдневно ги донираат во касите поставени во маркетите: „Алфа“, „Ани 96“, „Жито“ и „Зага“ и во хотелот „Романтик“, овој пат се доделија на двајца  средношколци кои покажале одличен успех во текот на средното образование и висок просек на државната матура, но кои не се во состојба  да го продолжат своето образование во високо образовните институции.
 
 

Марија Џипунова е новиот најмлад донатор на Фондот за поддршка на Фондација Фокус.

Image

Таа е млада поетеса која својата прва издадена збирка поезија „Мост од цветови“ несебично ја подари на најмладите: децата од СОС детското село, читателите во локалната библиотека „Гоце Делчев“ и  дел од нејзиниот тираж донираше во Фондот за поддршка на „Фокус“.

Љубовта и хуманоста провејуваат низ нејзините песни а гестот на несебично дарување се уште една потврда на нејзината искрена желба за помош.