Публикации

 
policy briefweb 2
javni nabavkiweb 2
Fokus Analiza2018 v4 web 1

Посна храна, зачини и шумливи витамински таблети донација од скопската компанија „Кенди“ во пресрет на велигденските празници Фондацијата „Фокус“  предаде на Повардарска Епархија. Храната ќе биде наменета за народната кујна ,,Ѓаконија, каде се хранат најсиромашните граѓани од Велес. Вредноста на донираните  производи изнесува 70 илјади денари.

Ова е трета донација која Фондацијата Фокус благодарение на соработката со ,,Кенди,, ја подари на народната кујна,. Фокус се надева дека и другите компании ќе најдат начин да помогнат на граѓаните од социјално немоќни семејства и е подготвен за соработка.

Image

На 06 Април 2011 година во Ликовниот салон во Велес се одржа промоција на книгата „Детските солзи кога течат“ од авторот Соња Гаврилова.

Image  Image


Фондацијата „Фокус“го поддржа издавањето на книгата  и со поддршката добиена од  Групацијата АД „Жито Вардар“, ГП „Делта Пром“ дооел, ДООЕЛ "Велешко езеро", „Соми Велтекс“ и Ветеринарна станица од Велес, ова издание се отпечати во тираж од 500 примероци.

Image

Фондација „Фокус“ ги промовираше производите на „Кенди“ ДООЕЛ од Скопје, од чија продажба во „Алфа“ Маркетите во Велес, се одвојува процент за Фондот за поддршка.
За таа цел, овој пат тимот на Фондацијата посети неколку приватни фирми, новинари, адвокати. Тие имаа можност да пробаат дел од производите, и беа запознати дека со купувањето на производите од „Кенди“ во „Алфа“ маркетите по автоматизам донираат во Фондот.