Публикации

 
policy briefweb 2
javni nabavkiweb 2
Fokus Analiza2018 v4 web 1

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

30  новогодишни пакетчиња кои како донација пристигнаа од скопската компанија „Кенди“,  Фондација „Фокус“ ги подари на 30 најсиромашни дечиња во Велес за божиќните празници.
На овој начин Фондација „Фокус“ и „Кенди“ ДООЕЛ од Скопје ја продолжуваат својата соработка и во новата 2011 година.

 

 

 

Image
Уште 70 новогодишни пакетчиња им беа подарени на децата благодарение на сопствениците на кафе барот „Фратело“. Во прекрасниот амбиент на локалот, организирани од страна на Фондацијата „Фокус“ пристигнаа учениците во придружба на своите наставници од училиштата од Горно Оризари, Иванковци, Чашка, Лозово и Градско,  деца згрижени во дом семејства како и деца од социјално – немоќни семејства од Велес. Дедо Мраз со вреќата полна подароци пристигна во „Фратело“ на голема радост на присутните дечиња. Се пееја и играа новогодишни песнички, а Дедо Мраз беше почестен и со по некоја изрецитирана стихотворба. Секое дете од сопствениците на локалот беше почестено со сокче и на крај доби новогодишно пакетче од Дедо Мраз.
                   Image Image
Фондација „Фокус“ со своите соработници продолжува да носи радост во детските срца во последните денови од старата година. На новогодишната забава која се одржа на 27 декември, во кафе – игротеката „Виножито“ организирана во соработка со Фондација „Фокус“, Дедо Мраз донесе новогодишни пакетчиња за 30 деца, предложени од Центарот за социјални работи од  Велес.
Image