Публикации

 
policy briefweb 2
javni nabavkiweb 2
Fokus Analiza2018 v4 web 1

 

Средношколците од Гимназијата „Кочо Рацин“, а воедно и членови на младинскиот клуб „Фокус“ организираа хуманитарен настан за прибирање на средства со наслов „Дојди, види и помогни“, во рамките на проектотКреативна настава и учење“, кој е во имплементација на МОФ, а финснсиски е поддржан од ФИООМ и USAID.

 

 

 

 

 

 

Собраните средства беа уплатени на сметката на „Фондот за поддршка на сиромашните деца “ при Фондацијата „Фокус“. Со собраните средстава се купи анатомска фотеља, за дете кое учи во прво одделение во Посебното Основно Училиште „Маца Овчарова “, а неговите родители не се во состојба да му ја обезбедат истата.

Волонтерите ќе го одбележат и „Денот за борба против сиромаштијата“ 17.10.2009, во петок на 16.10.2009 ќе продолжи акцијата за промовирање на фондот . Касите за донации ќе бидат во фунција секојдневно и граѓаните ќе бидат во можност да донираат континуирано.

Image

Поради задоволството од транспарентната и експедитивна распределба на претходните донации, фирмата „Кенди“ од Скопје ја продолжува соработката со Фондацијата „Фокус“ од Велес, која деновиве ја испрати својата трета донација. Овој пат тоа е 1.120 килограми Тузланска јодирана сол и 100 килограми Еврозачин. Зачинот и дел од солта беа донирани во Народната кујна „Ѓаконија“ од Велес, а 100 килограми сол доби и кујната „Димче Мирчев“.

Фондацијата „Фокус“ и овој пат не ги прескокна и останатите општини и донираше по 50 килограми на Извидничкиот центар „Голозинци“ и Планинарскиот дом во с.Папрадиште, општина Чашка, како и 100 килограми сол на кујната во домот „Тодор Јанев“ и уште 90 килограми кои беа поделени на корисниците на оваа кујна.

Image

Фондацијата „Фокус“ е отворена за соработка за сите заинтересирани граѓани и фирми кои сакаат да ја искажат својата хуманост и да донираат во „Фондот за поддршка“ за деца од социјално загрозени семејства. Тоа може да го направат на жиро сметките кои за таа цел се отворени во Комерцијална банка и тоа:

 

Фондација ФОКУС Ул.Трајко Панов бр.22 Велес За Фондот за поддршка

Денарска 300270000081648

Девизна 0270100249291

Комерцијална банка